Сакура произведува Ред Бул мотори и во 2022 година

Ред Бул ќе продолжи да ги добива моторите и наредната година од фабриката во јапонска Сакура како дел од транзицискиот план за тимот. 

По одлуката на Хонда да го напушти спортот, Ред Бул најавија дека тие ќе продолжат да ги прават моторите во нивната нова фабрика. Но сепак, фабриката на Хонда во Сакура ќе биде сеуште одговорна и во наредната година. 

Ред Бул и Хонда работат на проектот и наредната година ќе биде транзициски. Не можам да кажам детали, но работиме во добра насока да се подготвиме – изјави Тојонару Танабе, техничкиот шеф на формула 1 проектот на хонда.

Криситјан Хорнер се согласи со Танабе.

Ги финализираме деталите. Се подготвуваме за производство кај нас и наредната година е транзициска.

Ќе работиме со Хонда за целосно да го префрлиме производството кај нас во 2023 година. 

Овој викенд имаше важен состанок помеѓу Формула 1 и заинтересирани производители на наредната генерација на мотори. Излегувањето на Хонда може да биде означено со прва титула по 1991 година бидејќи Ред Бул води во двата шампионати. 

Лично сметам дека независно од резултатот нема да се промени одлуката на Хонда. Ние заминуваме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ