Сарџент возбуден во пресрет на тестот

Логан Сарџент откри дека е многу нетрпелив да влезе во ФВ45 болидот за време на тестот неделава откако имал одлично чувство додека возел на денот за снимање.

Промоцијата во Вилијамс вклучуваше само шари, додека пакетот беше прикажан неколку денови подоцна на демонстрација по легендарниот Силверстон. Тој ден за снимање беше прво возење на новиот болид од страна на американецот Логан Сарџент и староседелецот во екипата, Алекс Аблбон.

многу сум возбуден за тестирањето во бахреин затоа што имав одлично чувство додека го возев болидот на промоцијата во силверстон. нетрпелив сум да испита темелно што болидот може да направи, но и да ми стане поудобно додека го возам.

бахреин е патека која одлично ја познавам и тоа ми влева самодоверба за тестот. се надевам дека ќе одработам добро и ќе се подготвам добро за сезоанта која претстои. ќе дадеме се од себе за напорната работа во текот на зимата да се исплати – изјави сарџент.

Логан ќе го има сам болидот за себе во петок откако во четврток ќе ги дели должностите со Албон, додека саботата ќе биде резервирана за биртанецот со тајландско потекло. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ