Сарџент е фрустриран од лимитите на Џеда

Логан Сарџент остана збунет од границите на патеката во Саудиска Арабија откако неговиот најбрз круг на квалификациите беше избришан. 

Тој извозе време од 1,29.721 и беше побрз од својот колега Алекс Албон, но тоа беше избришано од стујардите бидејќи преминал преку пит линијата на главниот правец.  Пред трката беше посочено од контролата на трка дека таков престап ќе резултира со бришење на времето.  Времето на Сарџент беше доволно за 13та позиција и тој беше доста нервозен откако беше избришано неговото време. 

Мислам дека со предната лева гума преминав преку линијата, но немаше потреба од бришење на времето – смета американецот.

Сепак, Сарџент ја прифати вината за тоа. Поради бришење на времето тој не напредна во вториот квалификациски дел. Имаше уште еден обид, но се изврте во 22от свиок со што се појавија двојните жолти знамиња и завршија неговите квалификации. 

Тоа беше моја вина. Имав два круга за да направам добро време, но се разочарав бидејќи имав добар болид и ги разочарав луѓето од екипата.

И покрај ова, Сарџент смета дека нема притисок. 

Се прашував што може да направам во вториот круг, но се извртев бидејќи изгубив чувство на педалот за сопирање и ми влијаеше на следниот круг. Тешко ми е поради тимот бидејќи заслужи повеќе. Имаме шанси на трката и ќе се обидам да дадам се од себе. 

И неговиот колега Албон не напредна во вториот дел со што Вилијамс имаа лоши квалификации иако беа добри на тренинзите. 

Ќе биде тежок викенд, но удобно ми е во болидот и ќе се обидам да напредувам на трката. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ