Сарџент презадоволен од болидот на Вилијамс

Логан Сарџент го заврши предсезонскиот тест со многу извртени кругови и е задоволен од перформансите на новиот болид на Вилијамс. 

Тој имаше маратонски петок со извозени 154 кругови до крајот на денот што е над 20 кругови повеќе од било кој друг. Денот го заврши со 7мо време, но е задоволен од сработеното. 

Мислам дека имав поминато најмогу километри и без проблем Можев да издржам. Сега имаме доказ за напорната работа на тимот.

Се движиме во вистинска насока и останувам позитивен. Бев среќен со кратките серии во текот на утрото, но и на долгите подоцна беше добро. Алекс останува за утре, Но среќен сум со болидот и со нетрпение  ја чекам трката – објасни американскиот дебитант во спортот.

Дејв Робсон, главниот инженер од Вилијамс, го пофали Сарџент за среботеното. 

Логан возеше цел ден и заврши одлична работа. Го искористи новиот сет гуми и имаше можност да експериментира со сетапот и менаџирањето на гумите. За кратко време заврши многу работа.

Алекс се враќа утре во различни услови. Го чекаме последниот ден од тестот и да се припремиме за сезоната, сигурно има делови каде може да сме подобри но мора да најдеме кои се тие. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ