Саудиска Арабија, Т1: Хамилтон влакно пред Верстапен

Луис Хамилтон го постави најбрзото време на првата тренинг сесија од првата Голема награда на Саудиска Арабија во историјата на Формула 1, но неговиот најжесток конкурент за титула, Макс Верстапен беше само половина десетинка зад него.

Валтери Ботас беше 3ти и заостана повеќе од две десетинки зад својот колега, а Пјер Гасли од Алфа Таури беше уште повеќе од две десетинки зад него. Антонио Џовинаци од Алфа ромео беше 5ти и заостана повеќе од половина секунда, додека двоецот на Ферари, Саинз и Леклер беа зад него, при што шпанецот беше 36 илјадитинки побрз од својот колега.

Даниел Рикардо беше побрзиот Мекларен и заостана само 8 илјадити делови од секундата зад Ферари, додека Фернандо Алонсо беше 9ти и повеќе од секунда зад времето на Хамилтон. Себастијан Фетел на Астон Мартин беше 10ти и половина десетинка зад времето на Нандо.

Николас Латифи и Никита Мазепин беа последни и најбавни, канаѓанецот беше повеќе од две секунди побавен од најбрзиот додека русинот заостана 3,6 секунди.

Бројот на круговите беше клучен на овие први 60 минути по Џеда Корниш, а Естебан Окон беше најактивен со 29 обиколки, 8 повеќе од Луис Хамилтон кој возеше најмалку.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ