Себ исплашен од она што следи по Ф1

Себастијан Фетел призна дека е исплашен од тоа што следи по неговото пензионирање од Формула 1 на крајот од оваа сезона.

Германецот минатата недела, во пресрет на Унгарското Гранд При, најави дека на крајот од годинава ќе се повлече од тркањето по 15 години, четири шампионски титули и 53 Гранд При победи. 

Запрашан што му е најдраг спомен од Формула 1, тој изјави:

не знам како другите одговараат на ова прашање, но јас не фунционирам на тој начин, можеби на тој начин се штитам. веројатно монца во 2008 година и мојата прва победа со торо росо беше невројатна трка со неверојатни емоции. освојување на титула исто така е одлично, но можам да ви набројам уште сјајни моменти за мене. секогаш сум нетрпелив за следниот прекрасен момент – посочи себ.

Тој во последно време редовно е жесток во своите коментари за човековите права, различностите и ЛГБТ заедницата.

најдобрата трка за мене сеуште не се случила, што некој може да рече дека се глупости ако се знае дека нема да се тркам повеќе, но јас ја гледам големата слика и мојот живот. за секој спортист најголем предизвик е што ќе прави по крајот на кариерата, тоа во моментов ми е најголема мака. исплашен сум од тоа што следува, гледам дека пред мене има дупка, но не знам колку е длабока и дали ќе успеам да излезам од неа.

имам огромна поддршка од луѓето околу мене кои несебично продолжуваат да бидат крај мене, да ме водат и да ми даваат насока. се надевам дека ќе донесам правилни одлуки во иднина во врска со тоа што ќе го правам и како да станам подобар јас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ