Себ се надева дека Макс ќе биде поуспешен од него во борбата против Луис

Себастијан Фетел посакува Макс Верстапе да биде поуспешен од него во борбата против Луис Хамилотон за шампионската титула оваа тркачка сезона.

Откако Нико Розберг шокантно се повлече по освоената титула во 2016 година, најсериозен предизвикувач на Хамилтон беа Себастијан Фетел и Ферари со кои британецот се бореше во 2017 и 2018 година. Мерцедес и Луис беа успешни тие две години, додека последнит едве немаа соодветна конкуренција и реално колегата Ботас беше единствен каков-таков конкурент на Хамилтон.

На шест трки до крајот на сезонава, Верстапен води со 6 поени пред Хамилтон, но на последнит две трки В12 болидот од Бракли се покажува како најсилен на гридот.

Себ откри дека уживал во борбата против седумкратниот првак, но се надева дека Макс ќе има повеќе среќа и ќе се бори до последната трка, откако тој не успеа да го порази Хамилтон кога имал шанса за тоа.

се надевам дека макс ќе има подобар болид на крајот или подобра позиција до крајот затоа што во борбата во која јас бев против луис, за жал, не бевме толку конкурентни за да го напаѓаме до крајот. мислам дека на него му беше лесно на крајот на сезоната да не порази – се присети фетел.

Тој се осврна и на односот помеѓу возачите за кој сака д остане здрав и коректен откако имаа два значителни судари, првиот во Силверстон, а вториот во Монца.

мислам дека нивнот оривалство е одлично за спортот, а јас сум огромен фан на оваа нивна борба. мислам дека до сега гледаме многу чисти дуели.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ