Сеидл: Мора да превземеме дел од вината за маките на Рикардо

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, смета дека тимот треба да превеме дел од одговорноста за лошите перформанси и резултати на нивниот возач Даниел Рикардо.

Гранд При трката низ улиците на Монако изгледаше дека ќе биде пресвртница во перформансите на австралијанецот, но потоа следуваа низа тешки трки, не му одеше и не освои поени на Силверстон, а на квалификациите во Австрија отпадна уште во првиот сегмент.

Во Мекларен се јасни дека од Дани не ги добиваат перформансите кои ги очекуваат, а Сеидл е јасен дека дел од вината е и кај тимот како на пример проблемот со ДРС на петочниот тренинг на Ред Бул Ринг.

треба да останеме мирни и да работиме заедно со цел да видиме каде можеме да му помогнеме за да извлече повее од болидот. даниел е многу критичен самиот кон себе што е одлично, но на крајот мораме и ние како екипа да се вклучиме.

мираме да му дадеме квалитетен и издржлив болид за да ги одработи тренинг сесиите во целост, да ја комплетира програмата за да биде целосно подготвен. мораме да ги подобриме перформансите за да дојдеме во позиција да постигнеме подобри резултати – смета шефот на тимот, андреас сеидл.

Германецот посочи дека тимот имал подпросечен петок на Ред Бул Ринг откако Дани отпадна уште во првиот сегмент, додека Ландо во вториот откако се мачеше со сопирачките, а на првата сесија младиот британец имаше проблем со моторот.

имавме тежок петок, јасно дека не е доволно добар за ваква екипа. не е типично за нас и поради тоа треба да ги анализираме и решиме проблемите и да се е осигураме дека ќе немаме вакви проблеми во иднина.

ако ја видите првата сесија, даниел имаше проблем со дрс кој му го уништи цел план за возење и цел програма која не ја комплетираше и беше неподготврн.

кај ландо, откако инсталиравме нов мотор за викендот имаше проблем со него кој треба да го истражат колеите од мерцедес. моравме да се вратиме на стар и користен мотор за квалификациите, но и покрај сите проблеми успеавме да ги подготвиме двата болиди.

проблемот со сопирачките на ландо не му дозволуваа да форсира колку што требаше, губеше верба во сопирањето и поради тоа имаше лоши кругови. даниел не успеваше да извади перформанси од болидот.

бевме 14ти и 15ти на квалификациите, но имаме среќа што има спринт и можеме да напреднеме за главната трка ако ги решиме сите проблеми. дефинитивно мислам дека ќе бидеме во позиција да напреднеме, тоа е наша цел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ