Сеидл: ФИА мора да ги воведе промените на подот

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, верува дека ФИА мора да ги спроведе планираните промени на подот и да не подлегнува на притисокот од дел од екипите на гридот.

Согласно техничките правила за оваа година кои се целосно нови, екипите се судрија со нов проблем на потскокнување кој произлегува од земјениот ефект кој се користи во аеродинамиката.

За време на трката во Канада, Федерацијата преку техничка директива ја откри својата намера да го контролира потскокнувањето велејќи дека тоа го прави поради тоа што ефектот е небзбеден, а по поплаките главно од Мерцедес и неговите возачи.

Минатата недела ФИА потврди дека има намера да ги немува техничките правила за следната година и да ги натера екипите да направат крупни промени на подот за да се намали потскокнувањето, но на Пол Рикар се откри дека дури 6 екипи се против таквите промени сметајќи дека потскокнувањето на никој начин не ја загрозува безбедноста и веќе е под контрола.

Мекларен е помеѓу екипите кои бараат од ФИА да воведе прилагодувања, а Сеидл ги поздрави промените за следната година велејќи дека ФИА работи според правилата и прописите.

ние сме среќни со одлуките на раководството на фиа во однос на темата потскокнување. на крајот, сето ова почна по техинчката директива во која фиа јасно стави до знаење дека безбедноста е загрозена. поради тоа сметам дека тие треба да го спроведат планираното и да не отстапуваат. ние ќе бидеме среќни со тоа – посочи сеидл.

Противниците на предлого се Ред Бул, АлфаТаури, Алфа Ромео, Ферари, Хаас и Вилијамс кои не сакаат промени, но како и секогаш во Формула 1, компромис е можен. Доколку осум екипи се согласат за промени, такво мнозинство може да протурка предлог.

Запрашан дали во Мекларен има лобирање од други екипи да се направи компромис со помали промени, Сеидл објасни:

не, ние сме независна екипа, сами решаваме што ќе правиме и како ќе гласаме за она во што веруваме. го поддржуваме раководството на фиа, но таа тема е во тек и нормално е да има и противниците. на крајот на денот нашиот фокус е јасен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ