Сингапур, Т1: Хамилтон најбрз под рефлекторите

Луис Хамилтон при крајот на првиот тренинг го постави најбрзото време на патеката во Сингапур возејќи го кругот за 1,43.033.

Зад него беше Макс Верстапен кој беше водечки во текот на сесијата со заостанување од 0,084 секунди и пред Леклер од Ферари кој заостануваше 0,402 секунди.

Четвртата позиција му припадна на перез кој заостануваше 0,806 секунди и петтата позиција му припадна на Џорџ Расел со заостанување од 1 секунда.

Карлос Саинз од Ферари имаше две ситуации каде беше близу до бариерите но заврши на шеста позиција пред Естебан Окон од Алпин кој заостануваше 1,703 секунди.

Ленс Строј заврши на осма позиција иако имаше кратко излетување и предизвика црвено знаме. Гасли и Алонсо беа последни во топ 10.

Себастијан Фетел заврши пред Рикардо и Ботас кој заостануваше 2.691 секунди. Валтери Ботас беше на 13 позиција пред Магнусен, Тсунода и Албон додека неговиот колега беше на 17та позиција пред Шумахер, Норис и Латифи кој заостана 4 секунди зад најбрзиот Хамилтон.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ