Смедли со поддршка до Мерцедес да го намалат заостатокот

Техничкиот консултант на Формула 1, Роб Смедли, ги поддржа Мерцедес да го намалат заостатокот по лошиот почеток на сезоната.

По осум сезони доминација во спортот, Мерцедес имаат многу лош почеток на годинав и многу заостануваат во однос на Ред Бул и на Ферри со својот нов В13 болид. Минаа две Гранд При трки сезонава на која тимот од Бракли со Луис Хамилтон иамше само еден подиум и тој беше поради двојно откажување на Ред Бул.

В13 болидот има големи проблеми, најголем од нив секако дека е потскокнувањето и дефицитот во однос на моќта од моторот кој според пресметките е две десетинки побавен од оние на Хонда и Ферари.

мерцедес се првите кои сами признаа дека промашиле со болидот. Ферари завршија одлична работа во својот напредок и дојдоа на ниво на Ред Бул. Но, годинава очекувам во текот на сезоната да има поголеми проблеми од било кога поради тоа што правилата се нови, а развојот во сезоната огромен.

развојната фаза на болидот е во многу рана фаза, болидите ќе се променат значително од првата до последната трка, ќа има огромен напредок на овие пакети – посочи смедли.

Новите болиди се базирани на земјениот ефект во создавањето на потисната сила, нешто што некои екипи добро го прочитале, останатите не. Ферри и Хаас се оние кои највеќе напреднале во однос на лани, а Мерцедес и Мекларен се оние кој најмногу назадувале, но сеуште е рано и тоа не мора да значи ништо.

секогаш беше јасно дека некои екипи ќе погодат со правилата, а некои ќе погрешат. мислам дека тоа е убавината на новите правила, формула 1 се надеваше на вакво нешто со своите големи промени на правилата за промена на поредокот.

И покрај крупните промени, Мерцедес се втори кај конструкторите со заостаток од 40 поени во однос на Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ