Со најбрзо време, Ботас се забавувал на последниот ден

Валтери Ботас го заврши последниот ден од првиот предсезонски тест во Барселона со најбрзо постигнато време и имал забава возејќи го В11.

Иако поголемиот дел од вниманието неделава беше насочено кон контроверзниот систем на Мерцедес, за Ботас и Луис Хамилтон била добра промена што успеале да се вратат на врвот. Ботас ја заврши првата недела со време од 1:15.732 комплетирајќи 65 кругови во утринскиот дел. Хамилтон беше втор најбрз во попладнето, иако не успеа да го подобри своето време од вториот ден.

Беше навистина забавно, особено што можев да возам кратки стинтови и да го притискам болидот до лимитот. Уживав во тоа и имав добро чувство. Изледа дека направивме чекор напред во сетапот. Болидот има добро способности и сигурен сум со напорна работа следната недела дека ќе се подобриме, што е нашата цел.

Севкупно, ова беше навистина добар прв тест. Браво за секој член на тимот што испорача ваков болид и мотор, одлична работа. Едвај чекам да се вратам во болидот следната недела.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ