Според возачите, на Ф1 сеуште и е потребен ДРС

Водечките возачи во Формула 1 велат дека недостатокот на акција во трката во Абу Даби кога откажа ДРС системот покажува зошто истиот е сеуште потребен за моменталната генерација на болиди.

Проблем со сервер на почетокот на трката ја натера ФИА да го деактивира ДРС системот се до 18от круг во последната трка, кој потоа функционираше без проблеми.

Иако некои фанови сметаат дека ДРС системот треба да се отстрани бидејќи е премногу вештачки, Формула 1 возачите велат дека искуството во Абу Даби е доказ зошто истиот е сеуште потребен моментално.

Се беше поздодевно. На некои патеки е потребен, а оваа е една од тие. Патеки како Монца немаат потреба, но мислам дека е одлична работа. Сигурен сум дека некои ќе кажат дека е вештачки, но потребен ни е, особено со овие болиди и со брзината со која се движиме, инаку нема да има претекнувања. Господ да го благослови ДРС – вели Рикардо.

Карлос Саинз, кој го искористи ДРС за брилијантен маневар над Нико Хулкенберг во последниот круг од трката, маневар со кој дојде до поени, го подржува Рикардо.

Покажува дека во Формула 1 сега без ДРС е невозможно да се претекнува. ДРС е мошне потребен во модерната формула 1. Се надевам дека нема да ни биде потребен во 2021 година, бидејќи никој не го сака, но моментално ако сакаме претекнување, потребен ни е ДРС.

Валтери Ботас, кој надомести многу позиции беше оневозможен кога ДРС системот не функционираше и вели дека тие моменти ја докажуваат неговата вредност.

Бев желен да се доближам до подиумот и до битката, така што беше фрустрирачки што не го имав. Во моја позиција, напаѓајќи и имајќи ја формата, сакавме да го имаме, но очигледно за болидите кои се бранеа, беше добра вест што не функционираше.

Мислам дека тоа што го имаме во моменталните болиди е добра работа. Но се надевам дека во иднина, како во 2021 година, нема да го користиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ