Според Саинз, Бахреин ги открил најголемите слабости на Ферари

Карлос Саинз заврши на 4то место на Големаа награда на Бахреин, но смета дека уникатната природа на патеката не одговарала на карактеристиките на нивниот СФ-23 болид.

Шпанецот се квалификуваше на истата позиција на која ја заврши првата трка од сезонаа, на почетокот не успеа да го мине колегата Шарл Леклер иако малку му недостасуваше да го престигне Серхио Перез од Ред Бул кој имаше лош старт.

По откажувањето на моторот на Леклер, Саинз беше минат од Фернандо Алонсо, иако зад себе успеа да го задржи Фернандо Алонсо, но со темпото ги уништи гумите. Шакир има еден од најабразивните подлоги во Формула 1 календарот и нема добиено нов асфалт од 2004 година, така што деградацијата на гумите е огромна.

како што видовте при мојата борба со фернандо, за малку потоа лесно ќе загубев позиција и од луис затоа што штом притиснам со овие гуми, многу брзо деградираат. јасно е дека наша најголема слабост во однос на ред бул и на астон мартин е деградацијата кој не ја разбираме целосно. мораме што поскоро да се подобриме во тој сегмент.

верувам дека можеме да бидеме многу посилни во џеда затоа што асфалтот тоа ни го дозволува и автодромот бара помала потисна сила. досега одработивме само една патека, само возевме во бахреин и тоа дури шест денови. поради тоа, сфативме кој ни е проблемот со шакир, одиме во џеда со различен асфалт и карактеристики . анализира саинз.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ