Стаинер ги откри клучните придобивки од Ферари

Гунтер Стаинер откри кои се клучни придобивки кои Хаас ги користи од партнерството со Скудерија Ферари и каде италијанците најмногу помагаат.

Единствениот американски тим на гридот е присутен од 2016 година и работи во блиска соработка со Ферари од каде земаат мотори, но и сите дозволени делови согласно правилата. Америанците имаат и своја мала фабрика во Маранело непосредно до комплексот на Ферари каде работат независно од италијанците.

користиме иста суспензија, исти менувач и мотори, иста хидраулика и електроника, така што ако сме добри во нешто, добри се и ферари.

она што самите го работиме е аеродинамиката каде можеме да напредуваме, но лошо е што ако на ферари не им оди добро, автоматски и кај нас ќе биде лошо – вели стаинер.

и покрај тоа, можеме да имаме силен напредок. се си има свои добри и лоши страни, а ние имаме голема верба во сите во маранело. не мораме да работиме делови за кои немаме опрема, имаме помали инвестиции така што моделот е добар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ