Стаинер: Има мали разлики во моторите, но Ферари се конкурентни

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, верува дека сите производители на мотори се многу блиску еден до друг, вклучително и Ферари.

Некое време во 2019 година, по летната пауз,а Ферари имаше најмоќен мотор на гридот, но техничките директиви од ФИА го запреа тоа поради начинот на кој Скудерија ја наоѓаше таа дополнителна моќ, а во 2020 година, агрегатната единица на Ферари беше несомнено најслабата.

Скудерија, без сомнение, направија позитивни чекори во одделот за мотори и нивната верзија од 2021 година им помогна да ги доведат во битка на врвот на средниот ред со Мекларен. Стаинер, чиј тим на Хаас ги користи агрегатните единици на Ферари, верува дека сите разлики меѓу производителите сега се мали.

Не ги знам точните бројки, но разликата помеѓу различните мотори е многу мала.

Тешко е да се каже кој има малку повеќе и кој има малку помалку моќ, Но мислам дека сме таму. Можеби сме дури и пред некои од другите агрегатни единици.

Ферари веќе ја изјавија својата намера да пристигнат во 2022 година со не само нов болид, што е задолжителен за сите тимови поради новите регулативи, туку и тотално редизајниран мотор. Стаинер е свесен за планираниот нов концепт на агрегатот и се надева дека Ферари ќе направат чекор напред, нешто што исто така ќе биде од голема корист за Хаас.

За 2022 година, не знам точно, има различно гориво и има многу работа за развој.

Секој мора да промени нешто и практично да разработи важни работи, не знам кој ќе биде напред по сето тоа. Но, знам дека во Ферари работат на агрегатот за следната година веќе некое време. Значи, се надевам дека Ферари ќе биде напред.

Хаас веќе го насочија својот целосен развој на болидот кон 2022 година. Не се планирани надградби за ВФ-21, иако тимот заостанува позади другите од средниот ред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ