Стаинер: Силните екипи не го сакаат Хамилтон

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, тврди дека нема силна екипа од гридот, освен Мерцедес, која го сака Луис Хамилтон во своите редови.

Црномуретиот британец освои шест наслови со Мерцедес од 2014 година и ги придодаде на неговата прва титула со Мекларен, така што заедно со Шумахер се на врвот на листата на возачи со најмногу титули. Но, големата ревизија на правилата лани ја уништија доминацијата на Мерцедес кои се мачат, лани беа 3та екипа зад Ред Бул и Ферари, а годинава пред нив се и нивните муштерии од Астон Мартин.

не може една екипа секогаш да победува, тоа не е возможно затоа што се работи за натпреварување, а формула 1 не е формула мерцедес. тие имаа осум одлични години, но сите знаеме дека ништо не е вечно. признание дека некој е подобар од вас и дека назадувате е нешто што е чудно.

треба да се прегрупираат и да нападнат, но не може да очекуваат или да бараат да бидат секогаш најдобри затоа што доминираа 8 години.

во исто време, за луис, мина осум години во доминантен болид и освои многу победи и титули, но не може секогаш да победува. ја загуби титулата две години по ред, еднаш претходно загуби и од свој колега, тоа не смее да се заборави, никој не победува вечно – објасни стаинер.

Лани тимот се мачше цела година со проблематичниот В13 болид, но успеа во Бразил да издомонира и да стигне до 1-2 победа со Џорџ Расел што беше прв негов триумф. Сезонава почнаа лошо со лоша сесија на квалификациите во Бахреин по што незадоволниот Тото Волф најави напуштање на концептот на кој се заснова нивниот нов пакет.

Неубедливите перформанси на Хамилтон и неговиот договор кој истекува на крајот од оваа сезона, го става во центарот на вниманието за својата иднина. Но, Стаинер е сигурен дека Ред Бул, моментално најсилната екипа од гридот, нема намера да го земе кај себе затоа што веќе го има моќниот Мак Верстапен.

нема апсолутно никаква причина да го земат ред бул затоа што го имаат макс верстапен во кого имаат се, тој е силен, брз и нема шанса да го сменат.

Секако дека фановите би биле возбудени да ги видат Луис и Макс во иста екипа, сепак, тоа би било преголем залак за Кристијан Хорнер кој ќе треба да менаџира со целата ситуација.

кога ст еше фна екипа и кога го водите тимот, не сакате забава, сакате да се тркате и да победите.

јас не се сомневам во луис и неговата способност, но знам дека најдобрите екипи не би го земале во својот болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ