Стратегот на Мерцедес ќе се трка за Мекларен во Азискиот Ле Ман

Џејмс Вауелс, главниот стратег на фабричкиот тим на Мерцедес, ќе вози за Мекларен во Азиската Ле Ман серија. 

Вовлс ќе го замени боксот со тркачко место во четирите трки во Азија во Февруари возејќи Мекларен 720С ГТ3 заедно со Николаи Кјергард и Мануел Малдонадо.  Тајмингот е одличен за Вауелс бидејќи тој ќе има време да започне со работа со Мерцедес кога ќе започне Формула 1 сезоната во Март. 

На гридот ќе има и друг Мекларен кој ќе биде возен од Александер Вест, Марвин Кирчхофер и Френк Брд. 

Задоволен сум што нашите возачи што обезбедија место во Азискиот Ле Ман. Сите сакаме да стартуваме со Мекларен 720 и да дојдеме до првата победа сезонава. Сигурно ќе ни биде од помош што ќе го имаме најдобриот стратег во Формула 1 – изјави Ендру Киркалди. 

Серијата започнува во Дубаи на 12 февруари. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ