Сузи Волф кандидат за нов шеф на Вилијамс

Неколку медиуми, меѓу кои и угледниот швајцарски Blick, потврдија дека Сузи Волф е главен кндидат да стане следниот тимски шеф на Вилијамс.

Таа во минатото беше тест возач на тимот додека Тото Волф имаше голем удел во екипата од Гроув. Во моментов Вилијамс е сопственост на Дорилтон Капитал, а тимскиот шеф Јост Капито, заедно со техничкиот шеф Демаисон, заминаа по крајот на оваа тркачка сезона.

тоа ме изненадува. можам да замислам дека инвеститорите се помалку нервозни, но и жал ми е за јост затоа што мислам дека беа нетрпеливи со него. му требаше повеќе време, а мислам дека отказот го изненади и него – изјави ралф шумахер за германски скај.

Поранешниот возач не знае кого тимот ќе го донесе за шеф, но смета дека тоа треба да биде интерно решение.

Крај името на Сузи Волф, високо коментира и Џенсон Батон, Формула 1 шампионот од 2009 година со Враун кој работи како Советник во екипата.

Роже Беноа, славниот новинар на Blick, пишува дека Волф била најинтересна за американските инвеститори. Шкотланѓанката е самата тркач, а стана акционер на Вентури Формула Е тимот во 2018 година, потоа и тимски шеф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ