Сурер: Ферари можеби и не заостанувa

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен стручен коментатор, Марк Сурер, смета дека Скудерија Ферари можеби ги крие своите перформанси пред конкуренцијата на првите три денови од предсезонскиот тест во Барселона.

Италијанците очигледно се зад Мерцедес и зад Ред Бул, но многумина не се убедени во таквиот распоред на силите.

последните неколку години ферари беа шампиони на тестирањето, а потоа следуваше првата трка која ја губеа од мерцедес. имам некое чувство дека овој пат ќе биде обратно, затоа што мерцедес не ја кријат својата форма, а ферари заостануваат во моментов.

ферари беа на ниво на мерцедес при долгите серии, само во текот на летечки круг не беа на нивните времиња – појасни сурер за германски Sport1.

Тој во исто време е сомничав што шефот на Скудерија, Матиа Биното, од сега појасни дека не се надева дека тимот ќе победи во Мелбурн.

можеби тоа е нивната нова филозофија откако лани во мелбурн отидоа со голема самодоверба дека ќе победат, но не беше така.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ