Тиктум е нов развоен возач на Вилијамс

Двократниот победник на легендарното Макао Гранд При и поранешене член на Академијата на Ред Бул, Даниел Тиктум, ќе биде нов ќлен на Вилијамс Формула 1 тимот каде ќе ја врши улогата на развоен возач.

На средина од сезоната Ред Бул се решија да го отпуштат од својата академија по што тој остана без своето место во јапонската Супер Формула, но добитникот на Мекларен Аутоспорт БРДЦ наградата од пред две години се врати на престижната трка во Макао каде победи и обезбеди Формула 2 кокпит во ДАМС следната година.

Возачот ќе биде целосно вклучен во Формула 1 програмата на екипата од Гроув, ќе присуствува на две трки следната година и ќе одработува во симулаторот на тимот.

привилегија е да се стане дел од академијата на вилијамс особено со нивното огромно историско наследство во спортот. времето во симулаторот и искуството во работата со тимот ќе ми даде многу вредно знаење кое ќе ми помогне во развојот.

да се биде целосно интегриран во работата на некоја екипа е фантастична можност и нетрпелив сум да помогнам колку што можам повеќе – изјави возбудениот тиктум.

Задоволна од почетокот на новата соработа е и шефицата Клер Вилијамс:

пресреќна сум што ден, уште еден возбудлив британски талент, ќе стане дела од академијата за возачи на вилијамс. неговата способност зад управувачот беше демонстрирана со двата успеха на престижното макао гранд при во 2017 и 2018 година. неговото техничко знаење ќе биде вредно за тимот и нетрпеливи сме да му помогнеме да порасне и д се развие догодина.

Возењето во Формула 2 серијата паралелно со работа за Формула 1 тим ќе му помогне на младиот Тиктум да ги обнови своите амбиции да се трка во врвната моторспорт тркачка серија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ