Тимовите не се заинтересирани за истрага околу излетувањето на Перез во Монако

Формула 1 шефовите сметаат дека е предоцна за ФИА да го истражи излетувањето на Серхио Перез на квалификациите во Монако. 

Мексиканецот излета во осмиот свиок при крајот на квалификациите и ги уништи шансите на Верстапен да стигне до пол позиција, носејќи црвено знаме и прекинувајќи ја сесијата. Во Бразил, Верстапен одби да му ја врати позицијата на Перез поради нешто што се случило во минатото и се потикнаа шпекулации дека тоа било поради Монако. 

Тешко е да се суди за тоа што се случи во Монако. Се е до ФИА, Но мислам дека веќе многу време е поминато и треба да одиме напред – изјави матиа Биното, шефот на Ферари. 

Зак Браун се согласува со Биното. 

Мислам дека одамна беше тој инцидент. Истрага треба порано да се прави. Сега не е време за тоа. 

Тото Волф се запраша дали воопшто Перез сакал да ризикува кршење на болид и дека истрага не е добра за спортот. 

Долго го познава Серхио. Дали некој би сакал да ризикува за да го направи тоа? Тоа беше несреќен случај. Имавме ПР криза во минатите недели и мислам дека не ни треба нова. 

Кристијан Хорнер од Ред Бул смета дека таков инцидент не оди во прилог на тимот. 

Секој судар кога имаме ограничен буџет е катастрофален. Тој е скап и многу тешко се вози на улична патека.

Имаше доста фрустрација. Беше оштетен и менувачот и имаше штета и кај Саинз. Среќа тоа беше најголемиот инцидент оваа сезона и парите за поправки ги пренаменивме за надградби. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ