Тимовите се обединуваат во Проект Питлејн за производство на респиратори

Седум Формула 1 екипи од Велика Британија се обединија за да помогнат во производството на респиратори неопходни за најтешко болните пациенти заразени со Ковид-19 вирусот. Проект Питлејн е одговор на барањето на Владата за помош во производството на овој во моментов клучен медицински апарат.

Мерцедес, Ред Бул, Мекларен, Рено, Рејсинг Поинт, Хаас и Вилијамс имаат свои фабрики во Британија и ќе ги обединат своите ресурси за да помогнат во производството и тоа во три области каде тоа може да го направат.

помошта ќе биде насочена од сегментот на обратен инженеринг на медицинските апарати до поддршка во производството на постоечките дизајни како дел од производтвото на конзорциумот VentilatorChallengeUK. ќе се помогне и во дизајнот на прототип апарати и нови апарати кои треба да се серитифицираат пред да се користат.

секако дека проект питлејн ќе има доста ресурси кои нејзините членови ќе ги донесат од врвната формула 1 индустрија, дизајнерски вештини, производство на прототипови, тестови и составување. уникатната способност на луѓето дел од формула 1 е многу брзо да одговорат на инженерингот и технологиите што ќе биде од огромна корист.

фокусот на проект питлејн ќе биде одговарање на дадените предизвици и цели. седумте екипи се подготвени да поддржат други начини кои ќе се побараат од нив како иновативна технологија и одговор на уникатните предизвици од пандемијата – гласи официјалното соопштение од проектот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ