Тимовите ќе добијат целосна исплата од наградниот фонд

Откако претходно најави дека војната на трошоци надополнета со кризата од Корона вирусот може да доведе до заминување на четири екипи, шефот на Мекларен, Зек Браун, отрки дека и покрај недостатокот на активност, тимовите ќе добијат целосна исплата од наградниот фонд.

Дали сезоната ќе содржи 18, 8 или повеќе или ниту една трка, Формула 1 се осигура дека тимовите нема да страдаат финансиски во однос на наградниот фонд, а оттаму и одлуката да се префрлат 1,4 милијарди долари од друг дел од групацијата Либерти, во делот кој ја раководи Формула 1.

Минатиот месец, Либерти, кои ги објавија нивните финансиски резултати за првиот квартал, префрлија 33 проценти од удделот во Формула 1 во Live Nation на друг дел од компанијата, што резултираше со 1,4 милијарди долари во кеш, според извршниот директор, Грег Мафи, со што се зголемила ликвидноста која може да се користи во случај на продолжено одложување на сезоната.

Сакаме да се осигураме дека тимовите ќе опстанат бидејќи се дел од тоа што ни треба за успешни трки во 2020, 2021 и понатаму. Либерти ќе исплати и покрај нивната прогноза. 100 проценти.

Одлуката која ја донесоа со што добија 1,4 милијарди во кеш беше одговорна. Не ја негираат потребата – изјави Браун.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ