Тод: Волф и Хорнер бараа да се вмешам по Абу Даби

Поранешниот претседател на ФИА, Жан Тод, откри дека Тото Волф и Кристијан Хорнер итно го контактирале по драматичната трка во Абу Даби во 2021 година. 

Титулата се одлучи на таа трка во контроверзни околности и во последниот круг. Одлуката на директорот на трка Мајкл Маси да пропушти неколку заостанати болиди и да ја рестартира трката во последниот круг го одлучи победникот. Верстапен го престигна Хамилтон со нови гуми и ја освои титулата. 

Не направив ништо бидејќи тоа не е улогата на претседателот на ФИа и Судиите мора да се самостојни. Не сум слушнал дека Инфантино некогаш кажал дека некаде има пенал каде што нема.

Во документарецот може да видите дека ја гледам трката од викендица. Хорнер и Волф ми се јавија и им кажав дека не смеам да интервенирам и дека тоа е работа на стујардите и директорот на трката – откри французинот.

Маси ја напушти улогата на директор на трка пред стартот на 2022 година и со тоа ја напушти ФИА целосно. Но овој викенд се појави во падокот во Мелбурн што е прв пат за него од контроверзата во Абу Даби. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ