Се враќа ли Жан Тод во Ферари како советник?

Жан Тод е во преговори за враќање во Скудерија Ферари, според одредени извори, откако неговиот мандат како Претседател на ФИА ќе заврши.

Тод беше столб на тимот на Ферари во Формула 1 додека тимот доминираше во спортот од 1999 до 2004 година, период во кој освоија шест шампионати за конструктори и пет титули за возачи последователно.

Тод беше тој што собра голем дел од тимот откако се приклучи во 1993 година како тимски шеф на Ферари, земајќи го Михаел Шумахер од тимот од Бенетон во 1996 година, како и нивниот дизајнер и специјалист за аеродинамика Рори Бирн и техничкиот директор Рос Браун.

Откако ја постигна својата мисија да го врати Ферари на челните позиции, Тод остана во тимот до 2009 година пред да продолжи да работи со управното тело на Формула 1, ФИА, станувајќи Претседател во Октомври истата година. Според информациите на италијанска Кориере Дела Сера, французинот разговара за враќање во Ферари за 2022 година во советодавна улога.

Во нивната вест се наведува дека разговорите се во тек со Главниот извршен директор, Џон Елкан, кои прв пат започнале на 24 часа Ле Ман во Август.

Проширувајќи ја улогата што Елкан чувствува дека Тод би можел да ја има во Ферари, Кориере Дела Сера наведува дека тој ќе игра улога на супер-консултант кој може да ја зголеми политичко-спортската тежина на Скудерија, олеснувајќи ја посветеноста на претседателот и поддржувајќи го Матиа Биното, со кого одржува одлични односи.

За споредба, Тод би имал улога слична на онаа што ја имаше покојниот, големиот Ники Лауда во Мерцедес.

Следната сезона ќе биде огромна за Ферари без разлика дали ќе ги вратат услугите на Тод или не, бидејќи сакаат да започнат уште еден циклус на идни успеси.

Откако “паднаа“ на 6то место во поредокот на конструктори за 2020 година, третото место сега е речиси гарантирано за 2021 година со само една преостаната трка, што бележи значителен напредок.

Но, голем фокус е ставен на 2022 година кога, потпомогнати од радикално ревидираните регулативи, Ферари сака да се врати во борбата за победи и титули.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ