Топ 10 најлоши болиди кои победиле на трка

Болиди кои не беа кандидати за победа многу ретко успевале да триумфираат на Формула 1 трка, но имало и такви случаи.

Комбинацијата од среќа, инспирција, невообичаено време им дава и на најлошите болиди слава. Во продожение е листа на болиди кои успевале да победат иако не се покажале како добри.

10. Ferrari F60

Победата на Кими на Спа во 2009 година се должеше главно на КЕРС системот во Ферари кој му дозволи да го “прошиша“ Џанкарло Физикела од Форс Индија на рестартот. Освен победата, ова Ферари има и 2ро место, а тимот заврши на 4та позиција сезоната.

9. Shadow DN8

Алан Џонс победи на Австриското Гранд При во 1977 година, болидот успеа да прокнижи и уште едно 3то место, а тимот ја заврши сезоната на лошата 7ма позиција.

8. Toro Rosso STR3

Себастијан Фетел испорача маестрални перформанси за домашниот тим на Гранд При трката во Монца и им донесе прва победа во историјата. Болидот успеа да стигне и до 4то место, а тимот ја заврши сезоната како шестопласиран.

7. Tyrrell 011B

Победата на овој 011 болид беше последна за Кен Тајрел во Формула 1 откако триумфираа во Детроит со Микеле Алборето во кокпитот. Имаа и 5то место, а сезоната ја завршија на 7ма позиција, иако на моменти го коритеа и наследниот 012 поради очајниот 011Б.

6. Ferrari 126CK

Само талентот и лудоста на Жил Вилнев донесе победа за овој болид во Монако и откако Алан Џонс и неговиот Вилијамс имаа проблеми. Канаѓанецот дојде и до 3то место, а сезоната ја завршија како 5ти конструктори.

5. Ligier JS43

Никој не ни насетуваше дека Оливие Пани ќе победи на Монако во 1996 година, но французинот ја донесе единствената победа во историјата на тимот. Годината плавиот болид имаше и 5то место, а завршија на 6та позиција кај конструкторите.

4. Williams FW09

Првиот Вилијамс со турбо полнач се мачеше со моторот на Хонда вграден во него, но Кеке Розберг успеа да ги изненади сите низ улиците на Далас во 1984 година, а имаше и 2ро место таа сезона која екипата ја заврши на 6то место кај констукторите.

3. Lotus 43

Победата на фантастичниот Џим Кларк на легендарниот Ваткинс Глен во 1966 година беше единствена завршена трка на овој очаен Лотус таа година. Сезоната ја завршија на 5то место и тоа само затоа што се користеше Лотус 33 на некои автодроми.

2. Ferrari 625 (555)

Овој Ферари буквално наследи победа во Монако во 1955 година и тоа поради едноставна причина, двата Мерцедес пред него се откажаа. Морус Тринтигант иаше среќа, но и 2ро место таа година во која не се возеше конструкторско првенство.

1. Jordan EJ13

Џанкарлос Физикела беше моќен по хаосот во Сао Паоло во 2003 година за да испорача последна победа за жолтиот тим на плејбојот Еди. Таа година успејаа уште да стигнат само до 7мо место, а сезоната ја финишираа лоши 9ти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ