Тото за Мик: Заслужува втора шанса

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, смета дека младиот Мик Шумахер заслужува втора шанса во екипа следната година и верува дека може да има огромна корист од самата улога на трет и развоен возач.

Австриецот се надева дека младиот германец ќе се вдоми во некоја екипа за следната година дури и без да се трка. Последната возачка промена во падокот за догодина се случи токму на Гранд При трката во Абу Даби кога Хас потврдија дека нема да продолжат со Шумахер и ќе го земат Нико Хулкенберг кај себе. Тоа го остави Мик без место за следната година, а Тото е свесен дека притисокот врз поранешниот Формула 2 првак е брутален.

ми се допаѓа мик и ми се допаѓа неговото семејство, начинот на кои ги одгледале децата со толку неверојатно славно презиме. мислам дека заслужува нова шанса, победуваше во јуниорските серии, а таму не е воопшто лесно.

работите одеа против него на почетокот од формул 1 кариерата, а потоа беше под огромен притисок да испорача, но тоа е брутално силно во формула 1 и тешко да се оствари – посочи тото.

Шумахер не ги оправдуваше очекувањата и резултатите поставени од неговиот колега кој донесе повеќе поени за тимот, дури и пол позиција. Сепак, Волф прокоментира дека има верба во квалитетите на младиот германец и дека година надвор од гридот многу ќе му помогне, слично како и на Даниел Рикардо.

ако има година надвор од спорот како поддршка во некоја екипа, слично на она што даниел го работи, ќе има добри причини да се смири, да дојде во подобра позиција и да најде добро место за себе во иднина. секогаш ме импресионирал неговиот карактери. првиот пат кога го сретнав беа неговите први формула 3 сезони, трката беше во хокенхајм и тој беше прекрасен. победи во таа серија, победи и во формула 2, а тоа не може да е лесно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ