Тото не оди во Бразил, прва пропуштена трка по 2013

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, нема да биде присутен на Бразилското Гранд При во Интерлагос што ќе биде прва негова пропуштена трка од 2013 година.

бразил ќе биде прва трка од 2013 година на која нема да бидам присутен. двете титули ни се обезедени така што имам повеќе време да поминам во европа и да се насочам кон решавање на некои крупни, но отворени прашања.

одлично е што имам можност да го направам ова и знам дека екипата ќе биде во најдобри раце и многу достојно ќе ја претставува трокраката ѕвезда на настанот – појасни тото.

Второто место на Луис Хамилтон на Американското Гранд При и теоретски му го обезбеди насловот, така што притисок помеѓу возачите до крајот на сезоната во тимот не посрои. Сепак, Волф појасни дека тимот е гладен да успеси до крајот на сезонава особено откако нивните главни ривали, Ферари, станаа многу силни.

имаме уште две трки до крајот на оваа сезона која сакаме успешно и силно да ја завршиме. следната станица е бразил од каде имаме одлични спомени, победивме и ја освоивме конструкторската титула во интерлагос.

патеката е куса поради што квалификациите се вистински предизвик, а разликите по круг се многу мали. вообичаено немаме најбрз болид во сабота во вториот дел од сеозната, но успеавме да дојдеме до пол позиција во остин и повторно ќе нападнеме во сао паоло.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ