Тото откри: Гледаноста е причината за повлекување од Формула Е

Мерцедес се одлучија да се откажат од Формула Е откако миаа три години во електричната тркачка серија, а Тото Волф откри дека гледаноста на тркачката серија била главна причина.

“Сребрените стрели“ три години се тркаа во Формула Е и два пати беа прваци со Ник де Врис и со Стофел Вандорн. На крајот на ланската сезона решија да се повлечат и да го продадат тимот на Мекларен.

формула 1 стана толку голема што се друго е смешно во споредба со неа. бевме задоволни и успешни и во дтм повеќе од 30 години, но дојдовме до точка кога не сакавме повеќе д имаме фабричка екипа затоа што ни требаат 40-50 милиони евра, а повратот на инвестицијата е премал – откри волф.

Од Формула Е велат дека имаат 20% раст на гледаноста секоја година, следењето на трките во живо пораснало на 216 милиони луѓе, а споредено со Формула 1, е повеќе од двојно помалку. Тото појасни дека инвестицијата за да се одржи тимот не го оправдувала повратот и гледаноста.

публиката и гледаноста во формула е едноставно не беше доволно добра. ја имаме и дтм ја имаме и формула е, но формула 1 е многу далеку од се. решивме да се концентрираме и да ставиме приоритет на нашите ресурси без да се разводнуваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ