Тото призна дека Ред Бул му го земале Рикардо

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, призна дека Даниел Рикардо е пред потпис на договор со Ред Бул за 2023 година.

Довчерашниот возач на Мекларен преговара за улога на трет возач со двете екипи откако предвреме го раскина договорот со тимот од Вокинг, а слободни места по негов вкус на гридот нема.

секако дека имаше разговори, тој е одлично момче. штета што нема место за следната година затоа што тој едноставно припаѓа во тркачкиот болид. мислам дека никој не може со сигурност да каже зошто не беа добри работите помеѓу него и Мекларен затоа што беше одличен претходните години – во прашалници е волф.

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на тимот, во Абу Даби откри дека 33-годишниот Рикардо ќе стане трет возач и бренд амбасадор, но потоа стана јасно дека официјално ништо нема порпишано.

можеби му треба време да размисли што се бара од него, а ред бул е негов дом, ги знае луѓето таму и се надевам дека ќе добие добар договор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ