Тото призна: Ланскиот пораз болеше повеќе од годинешните проблеми

Тимскиот шеф на Мерцедес. Тото Волф, откри дека разочарувачката сезона на тимот оваа година далеку помалку болела од губењето на ланската возачка титула во последниот круг од Гранд При трката во Абу Даби.

Иако до претпоследната трка беа без победа, стигнаа до трумф, благодарение на извонредниот Џорџ Расел и неговото издание во Бразил.

минатата сезона без сомнеж болеше повеќе и начинот на кој заврши, губење на титула за секунди и знаете дека се е готово. трката беше надвор од наша контрола, а тоа беше прв пат да бидеме во таква ситуација. она што целосно се косеше со моите вредности беше тоа што сметав дека не загубивме фер.

годинава беше тешко во однос на емоциите затоа што од почетокот на сезоната знаевме дека болидот не е доволно добар. полека, но сигурно разбиравме до каде сме, решававме проблем по проблем, но секогаш се појавуваше нов.

кон крајот почнувавме да добиваме добра корелација што беше одлично и можевме да вадиме перформанси и да се концентрираме на тоа. добро е што знаевме кои патеки ни годат, а кои се лоши за нас – сеуше не го признава минатогодишниот пораз волф.

Сезонава е прва за Луис Хамилтон без победа откако британецот стана дел од Формула 1 во 2007 година. Иако седумкратниот првак финишираше 35 поени зад својот помлад колега кој е дебитант во тимот, Тото посочи дека работел феноменално надвод од патеката.

мислам дека тој беше одличен годинава. очекувате седумкратен првак кој загубил титула да се врати и да ги “потепа“ сите, но виновни сме ние што не му дадовме доволно добар болид за тоа. буквално на моменти не носеше со својата енергија, кога имавме пад, тој ни помагаше да се вратиме, а му беше многу тешко и на него.

не мислам дека таа низа на победи многу му значи, но ќе биде помотивиран догодина. партнерството со џорџ е одлично и заедно го развиваат болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ