Тото стана милијардер според Forbes

Најновата ранг листа на најбогати луѓе која традиционално ја објавува престижниот Forbes, во вброи Тото Волф како човек кој поседува 1 милијарда долари.

Австриецот за прв пат се најде на листата на најбогати луѓе на светот, исто како и НБА ѕвездата Леброн Џејмс и голф легендата Тајгер Вудс кои станаа милијардери.

Освен улогата на прв човек на Формула 1 тимот на Мерцедес, тој е сопственик на 1/3 од тимот, останатите две третини се на компанијата Мерцедес и британскиот хемиски гигант ИНЕОС.

Тото во 2009 година купи голем удел во Вилијамс и стана дел од бордот на директори, но остана таму до 2013 година кога стана извршен директор на Мерцедес, а акциите во Вилијамс целосно ги продаде до 2016 година. Според проценките на Forbes, Формула 1 тимот на Мерцедес во моментов вреди 1,15 милијарди долари.

Во пандемиската 2020 година тој имаше своја значително голема инвестиција во Астон Мартин Лагонда, уште пред компанијата за производство на автомобили официјално да влезе во тогашен Рејсинг Поинт. Како приватен инвеститор тој поседува 0,95% од акциите во Астон.

Според Forbes, медиумите и особено серијалот на Нетфликс многу придонеле да го направат Волф славен милијардер. Drive to Survive има огромна популарност низ светот, а 4та сезона од серијалот донесе 29 милиони часови гледање во првата недела на платформата на Нетфликс.

Освен во Формула 1, Тото има и повеќе инвестициски компании, а инвестирал и во компании како HWA AG кои произведуваат и развиваат компоненти за автомобилите на Мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ