Тото убеден дека Луис ќе остане во Мерцедес

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, е целосно убеден дека Луис Хамилтон ќе го продолжи престојот во тимот со потпишување на нов договор во екот на преговорите за истиот.

Актуелниот договор на седумкратниот првак е со важност до крајот на тековната сезона, иако тој неколку пати најави дека неа намера да замине од екипата и дека ќе потпише продолжување на соработката. Тото дополни дека нема никаква причина неговиот возач да замине и дека одложувњето на поптишувањето се вообичаените преговори.

заедно сме повеќе од 11 години и секогаш кога разговаравме за негов нов договор ни треба време. продолжуваме да работиме на тоа затоа што овие преговори не се тешки, само потребно ни е време. на тоа работиме во моментов, работата е во тек и преговорите напредуваат, разменуваме пораки и на крајот ќе дојдеме до потпис – посочи волф.

Преговорите овој пат се во сосема поинаква ситуација одошто последните кои се случија во 2021 година кога тој преговараше како седумкратен првак со огромни шанси да стигне до 8од наслов, но таа година тој и Мерцедес за прв пат загубија титула.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ