Три производители веќе потврдиле учество од 2026

Како што пренесув RacingNews365, ФИА неофицијално потврдила дека согласно новата регулатива за моторите која ќе стапи на сиал од 2026 година, спортот може да има дури 7 производители на агрегати.

Рокот за потврдување на производителите кои сакаат да се тркаат во Формула 1 од 2026 година беше до 15 Октомври, а неофицијално се дознава дека единсвено германски Ауди го испочитувале тој рок. Првичните правила велеа дека моторите ќе бидат В6 хибридни со над 1.000 коњски сили, половина моќ од моторот со внагрешно согорување, половина моќ од електро моторот, користење на одржливо гориво и технологија која ќе биде корисна во секојдневието.

Дополнително, се верува и дека Алпин и Ред Бул Пауертреинс се обврзале на учество во тркачката серија иако не до првично определниот рок, додека наскоро се очекувала официјална потврда и од Мерцедес. Очекувањата се дека наскоро и италијанците од Ферари официјално ќе го потврдат своето учество, а можно е и Порше и Хонда да го сторат истото.

Веројатно дека Хонда на некој начин силно ќе соработува со Ред Бул, како што најавија во однос на електро моторот, иако Ред Бул Пауертреинс ќе го произведува моторот со внатрешно согорување, согласно технолгија која повторно ќе се развива заедно со јапонците.

Јапонците официјално се повлекоа од спортот на крајот наминатата година за да се концентрираат на електрификација на својата гама, но како што одминуваше сезоната се повеќе го засилуваа своето учество и својата соработка со Ред Бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ