Тројца возачи заминаа од Академијата на Ред Бул

Тројца возачи оваа сезона ја напуштија прочуената програма за млади возачи на Ред Бул.

Дан Тиктум, големата надеж за место во Торо Росо во пресрет на оваа сезона замина прв сезонава, а по него доктор Хелмут Марко откри и дека соработката со Патрицио О`Вард не оди како што треба.

Последен во низата е Лукас Оер, внукот на Герхард Бергер кој исто така повеќе не е дел од програмата по една година во јапонската Супер Формула.

возачот од тирол ќе бара друго место затоа што повеќе не е дел од тимот на ред бул – напиша австриски Kleine Zeitung.

Весникот пренесе и дека Хелмут Марко изјавил дека недостатокот на потребни поени на супер лиценцата за возење Формула 1 болид е причина за взаемното прекинување на соработката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ