Тсунода очекувал повеќе од Рикардо

Откако имаше инцидент со Даниел Рикардо во Мексико, Јуки Тсунода не ја заврши трката и изјави дека очекувал повеќе од неговиот искусен колега.

Австралијанецот беше многу брз со софт гуми при крајот од трката и при обид за престигнување на Тсунода, удри во него. Јапонецот се врати на патеката откако претходно промени крило, но поради преголема штета мораше да се откажа од трката. За тоа Рикардо доби казна од 10 секунди и заврши на седма позиција.

Штета е за денешниот резултат. Менаџирањето на гумите ми беше добро и имав добра трка до тој момент, но разочаран сум од грешката.

Даниел беше на друга стратегија и лесно ќе ме поминеше бидејќи има повеќе искуство. Блиску сме во поени кои се многу вредни за нас, Но сега одиме посилни во Бразил – најави јуки.

Оваа трка АлфаТаури не освои поени и останува на 9та позиција кај конструкторите со еден поен зад Хаас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ