Ударот на Хамилтон во Белгија бил со сила од 45Г

Мерцедесот на Луис Хамилтон, откако се лансираше во воздух по контактот со Фернандо Алонсо на Белгиското Гранд При, слетал на земја со сила од 45Г.

По контактот со двократниот првак на Ле Комб, Луис се откажа од трката во тој прв круг откако имаше губење на притисокот на вода за ладење на моторот и доби насока од тимо веднаш за запре крај патеката. Иако ФИА му наложи на возачот да го посети медицинскиот центар, Хамилтон не го направи тоа и доби опомена, иако по крајот на трката се жалеше и плачеше дека имал големи болки за време на сударот.

Моторот на Хамилтон веднаш бил вратен во фабриката на Мерцедес во Бриксворт каде сеуште се наоѓа и се испитува. Се работи за нов мотор и ако не може да продолжи да се користи, тој ќе мора да отслужува казна за следен агрегат. Исто така оштетено е и куќиштето на менувачот и сето тоа исто така е пратено на темелна инспекција.

ударот беше навистина многу, мноуг голем, измеривме 45Г како силина на ударот што е големо вертикално оптоварување. луис беше во ред и ќе вози на зандворт, но фрустриран е затоа што имаше брз болид со кој можеше да стигне до подиум и да продолжи да напредува, но не успеа – посочи главниот инженер на тимот, џејмс вауелс.

Тој посочи дека освен моторот и менувачот, се проверува темелно секој дел од болидот.

има многу слики по интернет кои покажуваат колку високо полета болидот и колку беше силен сударот. она што воочибме по слетувањето беше губење на течноста а ладење на моторот. од камерата во болидот на алонсо се гледа дека течноста за ладење лета од болидот, а потоа температурата многу брзо се зголемува, што беше главна причина за нашето сопирање.

ќе ни требаат неколку денови за темелно да ги анализираме сите компоненти, секако дека ќе го анализираме секој дел од компонентите на суспензијата и менувачот за да се осигураме дека се е во најдобра форма и дека се ќе работи безгрешно во холандија.

Вауелс исто така посочи дека неговата екипа била на нивото на Ферари во однос на тркачкиот ритам во Белгија откако заостануваа многу на квалификаците.

пристапот и филозофијата на тоа што го правиме во однос на приоритетот на тркачкиот ритам во однос на квалификациите е различно кај различни екипи. заостатокот на квалификациите ни е голем, многу поголем од нормално, но правиме голем напредок на трка, иако деградацијата на гуите не мачи. треба да анализираме како ги користиме гумите и зошто толку ги трошиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ