Унгарија Т1: Променливи услови, Расел најбрз, Перез заврши во бариера

По двонеделна пауза Формула 1 се врати во Будимпешта на патеката Хунгароринг за Големата Награда на Унгарија, а на првиот слободен тренинг најбрз беше Џорџ Расел со време од 1:38.795.

Оскар Пиастри беше второпласиран со 0.359 секунди заостанување за возачот на Мерцедес, додека третопласиран сесијата ја заврши Ленс Строл за Астон Мартин.

Норис и Алонсо го комплетираа топ 5, следени од Ботас, Леклер, Жоу, Сарџент и Хулкенберг во најбрзите десет.

Сесијата помина во променливи услови со дожд. Во голема мера, поставените времиња не се репрезентативни бидејќи повеќе возачи одлучија да останат во гаражите, меѓу кои Макс Верстапен, Луис Хамилтон и Даниел Рикардо, додека од тие кои се појавија на патеката, Серхио Перез, Карлос Саинз и Јуки Тсунода имаа судар и контакт со заштитната бариера.

Перез беше првиот кој целосно ја заврши својата сесија по излетување и силен удар во заштитните бариери по само 4 изминати минути од сесијата. Ова секако е спротивно од неговите желби да ја врати формата во Унгарија и уште еден викенд за мексиканецот започна на најлош можен начин. Саинз и Тсунода имаа минимални контакти и можеа да продолжат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ