Унгарија Т3: Хамилтон најбрз, Верстапен незадоволен од својот Ред Бул

Луис Хамилтон го извозе најбрзиот круг на последниот слободен тренинг пред квалификациите за Големата Награда на Унгарија, со време од 1:17.811.

Второпласирани беше Макс Верстапен за Ред Бул, со 0.250 секунди заостанување, но и покрај солидната сесија за актуелниот шампион, тој беше прилично незадоволен со својот РБ19, жалејќи се на низок грип во задниот дел.

Тимскиот колега од Ред Бул, Серхио Перез, конечно имаше сесија без проблеми и заврши минимални 0.006 секунди зад Холанѓанецот.

Сесијата помина без инциденти додека возачите се обидуваа да постигнат времиња на сите компоненти како подготовка пред квалификациите каде се воведува алтернативната распределба на гуми од Пирели.

Нико Хулкенберг беше 4ти, следен од Ландо Норис на петтата позиција.

Зад петорката се пласираа Џорџ Расел и Шарл Леклер, следени од Карлос Саинз и Фернандо Алонсо. Валтери Ботас со Алфа Ромео го комплетираше топ 10.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ