Уредникот на Die Aktuelle отпуштен поради лажното интервју со Шуми

Откако германскиот таблоид Die Aktuelle објави интервју со Михаел Шумахер кое било генерирано со помош на вештачка интелигенција, а семејството на возачот најаи тужби, уредникот веднаш беше отпуштен од својата позиција.

Насловната страница на изданието имаше огромна слика од Михаел и пишуваше “Michael Schumacher, The First Interview, World Sensation”, а со далеку помали букви пишуваше дека звучи како да е реално, посочувајќи дека е креирано од таканаречен чатбот.

Таблоидот во својот петочен број објави извинување до Шумахерови и објави дека го отпушта својот главен уредник, Ане Хофман.

невкусниот и погрешен натпис не требаше да се појави никогаш затоа што на никој начин не одговара на стандардите на новинарство кои ги негуваме и кои нашите читатели ги очекуваат – напиша бианка полман, оперативен директор.

По објавувањето на лажното интервју, портпаролот на семејестовото на возачот експресно најави дека ќе го тужат таблоидот. Die Aktuelle имаат и историја со Шумахерови вклучително и натписи кои тврдеа дека Михаел е буден и комуницира, но и дека сопругата на Михаел, Корина, има нов љубовник.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ