Мик Шумахер ќе има емотивно возење со болидот на татко му

Мик Шумахер ќе учествува на Фестивалот на Брзината во Гудвуд следниот месец.

Шумахер ќе го вози Мерцедесот W02 на неговиот татко Михаел на Фестивалот на Брзина во Гудвуд следниот месец.

Германецот им се приклучи на Сребрените Стрели оваа сезона за да преземе резервни и развојни должности, помагајќи им на Луис Хамилтон и Џорџ Расел.

Но на Шумахер му беше овозможено време на патеката како дел од официјалните тестови на гумите на Пирели и сега возење на ридската патека Гудвуд од 13 до 16 Јули го чека болидот што го возеше неговиот татко, седумкратен светски шампион, во 2011 година.

Екстра посебно возење

Ќе биде спектакуларно да се вози во болидот на татко ми од 2011 година, W02, дури и ако тоа е само на кратко – рече Шумахер.

Само да се доживее оваа генерација на болиди ќе биде мега! Знаејќи дека тој се тркаше со овој болид го прави екстра посебен момент и ќе има многу емоции кои доаѓаат со него.

Имав среќа да возам еден од неговите Бенетон болиди и некои од Фераријата што ги возеше, но ова ќе биде првпат зад воланот на Мерцедес што го возел.

Сигурен сум дека ќе излезам од тоа со голема насмевка на моето лице.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ