Фантастичниот Хулк не очекувал 8мо местo

Нико Хулкенберг беше воодишевен со своето 8мо место на Ајфелското Гранд При откако во последен момент беше повикан да го замени болниот Ленс Строл и извозе само 4 кругови на квалификациите, тргнувајќи од последно место на трка

Искусниот германец иаше одличен старт и напредуваше три позиции во првиот круг на трката, а најде начин за дополнителен напредок и финиш на 8мо место на крајот од предвидените 60 кругови трка.

пресреќен сум со се да бидам искрен. стартот не беше којзане колку добар, беше очекуван, а во првиот круг успеав да надоместам 2-3 позиции. потоа се фокусирав на себе и се обидував да најдам добар ритам во себе и од болидот возејќи на самиот лимит на средина од првата серија.

успеав одлично да ги изменаџирам гумите за да траат колку што може подобро, а подолгата прва серија беше клучна за добар краен резултат. јасно е дека не очекував ваков пласман и поради тоа сум пресреќен од постигнатото – објасни нико.

Осмото место на Хулк дополнето со 4то на Чеко Перез ги напредна Рејсинг Поинт до 3то местто кај конструкторите, четири поени пред Мекларен кои “паднаа“ зад нив.

преку радиото ми кажаа дека сега рејсинг поинт се на 3то место во шампионатот што е одлично за тимот. сезоната не е завршена, но јасно е дека денска одработевме одлично што не го очекував од себе по позитијата од која стартував. не може да не бидам среќен и задоволен од својот придонес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ