Ферари бараат право на ревизија на казната за Саинз

Ферари официјално побарале право за ревизија на казната на Карлос Саинз изречена на Австралиското Гранд При.

Шпанецот доби пет секунди од страна на стјуардите поради предизвикување на судар откако по вториот рестарт удри во задниот дел од болидот на Фернандо Алонсо и го изврте крај патеката. Трката беше прекината, а во тој период на црвено знаме на него му беше изречена казната на што тој многу емотивно реагираше дека требало да добие право да објасни што се случило на стјуардите.

На истиот рестарт се случи и судар помеѓу Пјер Гасли и Естебан Окон, но никој од нив не доби казна, а во позадина, Логан Сарџент удри во болидот на Ник де Врис и дојде до елиминација на двајцата, но и таму немаше никаков пенал од страна на стјуардите.

Саинз и Ферари ја завршија трката на 4то место, но со аплицирање на 5те секунди, тој е официјално последен од оние кои го завршија настанот, односно 12ти и надвор од поени.

Доколку жалбата на Ферари биде прифатена, Саинз ќе дојде до 4то место на кое ја заврши трката зад безбедносно возило, а зад него ќе следуваат Ленс Строл, Чеко Перез, Ландо Норис, Нико Хулкенберг, Оскар Пиастри и последниот поен ќе оди за кинезот Гуанју Жу, додека Јуки Тсунода ќе остане без бод.

како што разговараме со фиа, им пративм извештај за кој не сакам да откривам многу детали. имавме судар гасли – окон и судар сарџент – де врис на првиот свиок, а реакцијата на стјуардите не беше иста, но не сакам да коментирам ништо повеќе од тоа – изјави тимскиот шеф, фередерик васур.

Процесот на ревизија последен пат беше користен по Саудиското Гранд При на Џеда кога подиумот на Фернандо Алонсо му беше одземен со казна, за потоа стјуардите да ги прифатат новите докази на тимот и да му го вратат подиумот.

прво се разгледува нашата петиција за да се утврди дали има можност да се отвори случајот, а потоа имаме второ сослушување подоцна кое е во присуство на истите стјуарди од трката и таму се носи одлука.

очекуваме барем да имаме отворен и искрен разговор со нив и тоа е за доброто на спортот, за да не се повторат вакви одлуки во иднина на истата кривина. најфрустриран од целата ситуација беше карлос, чувте на радиото и сето тоа затоа што не дозволија и тој да го каже својот дел.

се работи за многу посебен случај, мислам дека беше логично по крајот на трката да имаме сослушување како што имаа окон и гасли.

Новите докази на Ферари веројатно се однесуваат на податоците кои не биле достапни на стјуардите во време на носење на одлуката, иако Васур одби да каже за што се работи.

стјуардите треба да решат која е вистинска казна, но за мене и барем за карлос и тимот, да се отвори случајот е приоритетен прв чекор. на потег е фиа, неи имаме свои докази и ќе им ги презентираме. секако дека очекуваме ревизија на одлуката.

Тимскиот шеф на Ферари посочи дека сфаќа оти не е лесно на шефовите на екипите да носат одлуки особено под толку голем притисок.

не сакам да обвинувам никој, се работеше за тркачки инцидент, а јас сум во тркањето веќе 33 години, сме имале секакви судари и секогаш постојат две верзии со различни информации и исходи. значи, работата да се донесе одлука не е лесна, особено кога се бара таа одлука да се донесе во текот на трката, а ние секогаш сакаме јасна ситуација во текот на трката за да знаеме на што сме.

трката не беше воопшто лесна со три црвени знамиња, два стартови од гридот и финиш зад безбедносно возило. ние сме незадоволни затоа што имаше и други контакти кои беа поразлично судени од нашиот.

Во врска со времето кога би се случило сослушувањето, Васур кажа:

фиа е на потег сега и тие треба да одредат датум за сослушувањето и дали ќе добиеме право на истото или не. тие треба да одлучат како понатаму, може да биде во баку, може и претходно, а ние секако дека преферираме претходно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ