Ферари биле преамбициозни во борбата против Норис

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, смета дека тимската нетрпеливост да го престигнат Ландо Норис ги чинела многу на трката за Големата награда на Португалија. 

Скудерија се надеваше на двојни поени на трета трка по ред, но успеа да дојде до топ 10 пласман само со Шарл Леклер. Саинз беше побрзиот од двајцата возачи на Ферари на квалификаиците, но заврши надвор од поени поради грешка во стратегијата на тимот. Обидот за андеркат на Норис го остави Саинз како “глинен гулаб“ што според Биното се случило поради преголемата желба на тимот да ги престигне Мекларен. 

Разочаран сум со оваа трка затоа што Сакав подобар резултат. Портимао ни одговараше повеќе од нашите конкуренти. 

На квалификации Шарл не беше перфектен, но во првата серија на трката, Карлос беше можеби и побрз од Норис. Се обидовме да направиме андеркат, но не ни успеа. Поради тоа, Карлос беше во неволја во преостанатиот дел од трката.

Прерано форсиравме со медиум гумите и ги оштетивме. Бевме преамбициозни да го стигнеме Норис, а требаше да сме трпеливи. Трката е долга но не можевме да чекаме. 

Ова е прв пат Саинз да е надвор од поени од инцидентот во првиот круг лани во Русија. 

Искрено мислам дека имавме добар викенд. Немав проблем со темпото, но стратегијата беше погрешна. Мора да видиме каде точно погрешивме.

Го форсиравме ландо и пробавме да направиме андеркат. Излеговме позади ВИлијамс и се обидував да ги стигнам и ги оштетив гумите. Најважни се тие три круга на почетокот на секоја серија, но форсиравме премногу и не успеавме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ