Ферари би ставиле вето на Волф за шеф на Ф1

Главниот извршен директор на Ферари, Луис Камилиери, откри дека екипата ќе стави вето на евентуалното назначување на Тото Волф за наследник на Чејс Кери.

Мерцедес доминираат со тркачакта серија и шест години по ред се двојни прваци, така што Либерти сериозно размислуваат да му го доделата раководењето со тркачката серија на Тото Волф, откако Чејс Кери ќе стигне до крајот на својот договор.

Ферари имаат уникатно право на вето кое никоја друга екипа го нема, така што Главниот извршен директор на компанијата, Луис Камилиери, предупредува дека ќе го искористат истото доколку се шпекулациите околу иднината на Волф се вистинити.

секој кој бил активен и важен член во некоја екипа последните години е тешко да стане челник на формула 1 затоа што тоа претставува чист конфликт на интереси. нашето вето е излез од таква ситуација и би го искористиле само доколку сме

приморани на тоа. секако дека сето тоа детално би им го објасниле на раководните структури во либерти медиа – појасни камилиери.

Шефот на Ферари ја пофали и работата на Кери кој раководи со тркачката серија од 2017 година кога ја наследи функцијата од Берни Еклстон.

тој дојде од светот на забавата, немаше формула е искуство и на спортот му требаше токму таков директор, некој кој знае што е забава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ