Ферари го вдоми Илот во ГТ трките

Ферари птоврдија дека нивниот тест и развоен возач, Калум Илот, ќе се трка за нив во GT World Challenge Europe Endurance Cup оваа година.

Откако британецот заврши на второ место во јуниорската Формула 2 лани, а се бореше за титуал против Мик Шумахер до последната трка, Скудерија му доверија да биде нивни тест возач сезнава.

22-годишникот ќе остане активен и во тркањето со Ферари 488 ГТ3 Ево 2020 за тимот на Ајрон Линкс во еријата порано позната како Blancpain Endurance Championship. Ова доаѓа откако од Академијата на Ферари решија да го прошират полето на делување и во соработка Competizioni GT дивизијата на производителот, ќоја патем ќе биде официјален претставник во ендјуранс првенството, ќе го поддржат Илот и тимот во ГТ Серијата.

Илот ќе има двајца колеги од Ферари, фабрички возачи на Competizioni GT одделот и специјалисти за во симулатор и тоа Давиде Ригон и поранешниот член на Академијата, Антонио Фуоко, кој често одработува во симулаторот во Маранело.

Прва трка за Илот ќе биде 3 часа Монца на 18 Април, а главен настан е 24 часа Спа во Јули.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ