Ферари: Задоцнетите радио пораки во преносот направија проблем

Ферари изјави дека задоцнетите пораки кон Карлос Саинз во текот на трката за Големата награда на Франција направиле нивната стратегија да изгледа како да нема смисла. 

Тимот од Маранело се најде под удар откако се слушнаа радио пораките од тимот до Саинз за стратегијата за гумите. Ферари доцна одлучија да ги променат гумите откако не беа сигурни дали со нив ќе можат до крај. Во моментот додека Саинз се бореше со Перез за место на подиумот во преносот се слушна како е повикан во боксот.

Главниот стратег на тимот, Инаки Руеда, објасни дека тајмигот на пораките на преносот бил во погрешно време и тие всушност имале контрола врз целата ситуација. 

Радио пораките во преносот се со одредено задоцнување. Во овој случај се појавија кога Перез и Карлос се бореа за позиција.

Ние зборувавме со Карлос и видовме дека не може да го престаса на правецот и затоа го повикавме. Секако не во моментот кога го престаса. Тоа секако немаше никаков смисол, и зошто би го повикале тогаш.

Руеда смета дека медиум гумите траат 25 кругови, а Саинз ќе требало да извози 35 со нив и да ги форсира на крајот за да ја задржи позицијата. Наместо тоа Ферари го повлекле во боксот за да си ја врати позицијата од претходно и да добие поен за најбрз круг. 

Казната значеше многу во последната серија бидејќи Карлос иако ги престигна Расел и Перез немаше да ја направи таа разлика чувајќи ги гумите до крај. Одлучивме да го повлечеме во бокс за тој екстра поен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ