Ферари и Заубер ќе бидат главни на фестивалот во Милано

Формула 1 циркусот ќе ги прошета болидите низ центарот на Милано како дел од загревањето за Големата награда на Италија и трката на Монца.

Фановите ќе бидат покрај улиците каде ќе може да ги слушнат звуците на моторот и да ја помирисаат изгорената гума од Формула 1 болидите кои ќе пролетуваат пред нив. Фестивалот ќе биде бесплатен за сите и ќе се одржи во центарот на Милано во областа Навиљи.

Возачите на Ферари, Себастијан Ветел и Кими Раиконен како и возачите на Заубер, Маркус Ериксон и Шарл Леклер ќе бидат во главна улога на фестивалот.

Пред новите болиди ќе парадираат легендарни класични автомобили и болиди. Подоцна настанот ќе биде отворен како Формула 1 трка со безбедносно возило и ќе бидат пуштени модерните болиди.

Фестивалот во Милано ќе започне во исто време со трката која ќе се одржи во Монца. Ова е најнов обид на приближување на фановите до Формула 1 со организирање Формула 1 фестивали.

Милано е четвртиот град каде се организира ваков фестивал по Лондон, Шангај и Марсеј. Последниот фестивал оваа година ќе биде во Мајами во октомври.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ