Ферари и Саинз сеуште не се договориле околу продолжување на соработката

Италијанските медиуми дошле до информација која вели дека Ферари и Карлос Саинз сеуште не се договориле околу продолжување на соработката, а главна пречка било времетраењето на новиот договор.

Актуелниот договор на шпанецот истекува на крајот од оваа сезона, а 27-годишникот сака да продолжи со славниот тим од Маранело.

Според F1-Insider, Саинз бара двегодишно продолжување на соработката со Скудерија, додека италијанците нудат само едногодишен договор, а за 2024 година да стои само како опција. Сеуште е нејасно зошто Скудерија не сака нови две години за Карлос со оглед на фактот колку добро се адаптираше во дебито за тимот лани и колку добра соработка има со Шарл Леклер.

Единствена работа која паѓа на ум е желбата на Ферари да го вдоми Мик Шумахер во тимот откако ќе мине три години на калење во американски Хаас. Марк Сурер, поранешниот Формула 1 возач верува во тоа дека германецот во еден момент ќе го следи татко му во Маранело.

не мора да сте претерано амбициозен за да бидете успешен, а ники лауда и нико розберг се совршен пример за тоа. двајцата имаа добра основна брзина како лауда кога возеше крај прост или нико крај луис. но, тие успеваа да ги победат своите колеги и да станат прваци.

природниот талент не е доволен, примерот на жан алези го покажува тоа. тој беше сметам за врвен талент кога дојде во формула 1, а на крајот победи само еднаш во кариерата.

мик треба да биде свесен на својата способност за анализа и да го следи патот на лауда и розберг за да дојде во ферари слднит години – смета сурер.

Во Шпанија, реномираниот АЅ тврди дека Саинз и Ферари веќе се договориле и дека потписот е само прашање на ден.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ